во ,

Орце Ѓорѓиевски најави ‘железна дисциплина’: Паднаа 40 казни, 80 нови автобуси стигнуваат во март

Орце Ѓорѓиевски најави ‘железна дисциплина’: 40 казни веќе се изречени, 80 нови автобуси стигнуваат во март

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е решен да воведе ред во главниот град, а неговата 72-часовна акција за чистење била само почеток. Тој најави дека ерата на неказнивост е завршена, откривајќи дека веќе се изречени над 40 казни и 70 опомени за несоодветно одлагање отпад. „Граѓаните плаќале цел изминат период, но за жал, не ги добивале услугите. Моја цел ќе биде, без разлика од кого е предизвикан проблемот, да се најде брзо решение“, рече Ѓорѓиевски.

Тој веднаш се осврна на најгорливиот проблем – ЈП „Комунална хигиена“. Ѓорѓиевски информираше дека претпријатието сега располага со над 40 оперативни камиони (наспроти едвај 15-20 пред неколку недели), со очекување тој број наскоро да се зголеми на 60. Најави и поставување на заштитни мрежи на реката Вардар за да се спречи загадувањето на коритото.

80 еко-автобуси за ЈСП и ‘нуклеарна опција’ за Комунална

Освен чистењето, Ѓорѓиевски ги претстави и долгорочните планови. Тој најави дека веќе во март се очекува пристигнување на 80 нови еколошки автобуси за ЈСП Скопје (и дополнителни 70 за другите градови), со што треба да се стабилизира хаотичниот јавен превоз. Во фокусот ќе биде и загадувањето, преку проширување на топлификациската мрежа и конечно оспособување на Дрисла за преработка на отпад.

Најрадикалната најава на Ѓорѓиевски е можноста за целосно расформирање на ЈП „Комунална хигиена“, чии ингеренции би се поделиле на општините. Сепак, тој беше претпазлив: „Тоа ќе биде можно откако ќе се зајакнат капацитетите, за да се избегне дополнителен хаос“. Ова е јасен сигнал дека пред да го распушти, новиот градоначалник има намера прво да го ‘излечи’ претпријатието кое беше симбол на колапсот на претходната градска власт.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вреди ѝ одговори на Весна Јаневска: ‘Касами зборува македонски, зошто таа не знае албански?’

Хорор во Ржаничино: 23-годишна мајка го претепала 6-месечното бебе оти плачело