во ,

Откритие што ја менува психијатријата, теоријата за шизофренија конечно е докажана

Научниците од Австралија, со најновите истражувања, ја потврдија 50 години старата теорија дека лицата кои боледуваат од шизофренија „слушаат гласови“ во главата, бидејќи погрешно го толкуваат сопствениот внатрешен говор како надворешен.

Истражувачот и психолог Томас Витфорд од Универзитетот во Нов Јужен Велс изјави дека оваа идеја постои веќе 50 години, но било многу тешко да се докаже, бидејќи внатрешниот говор по својата природа е приватен, пренесува порталот „Science Alert“.

За сите храбри борци

Користејќи електроенцефалографија (ЕЕГ) за мерење на мозочните бранови, Витфорд и неговите колеги проучувале како мозокот реагира на внатрешниот говор кај лицата со шизофренија.

„Кога зборуваме, дури и само во мислите, делот од мозокот што ги обработува надворешните звуци станува помалку активен“, рече Витфорд, истакнувајќи дека тоа се случува затоа што мозокот го „предвидува“ звукот на сопствениот глас. „Но, кај лицата кои слушаат гласови, тоа предвидување не функционира правилно, па мозокот реагира како гласот да доаѓа однадвор“, додава тој.

Повеќе од само теорија – прв доказ

Во истражувањето учествувале 55 лица со шизофренија кои неодамна имале аудитивни халуцинации, 44 лица со шизофренија без скорешни халуцинации и 43 здрави лица.

„Кај здравите лица, внатрешниот говор предизвикува исто намалување на мозочната активност како и кога зборуваат гласно, додека кај лицата кои слушаат гласови, тоа намалување изостанува. Нивниот мозок реагира уште посилно на внатрешниот говор, како да доаѓа однадвор. Ова може да објасни зошто тие гласови изгледаат толку реално“, изјави Витфорд.

Ова сугерира дека „гласовите“ што ги слушаат лицата со шизофренија се всушност нивниот сопствен внатрешен говор, кој мозокот погрешно го препознава како надворешен. Откритието би можело да им помогне на лекарите навреме да ги препознаат лицата под ризик од психоза и да овозможат порана интервенција.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како мозокот создава сеќавања? поважно е како е кажано, отколку што е кажано

Кога големата мачка ќе се сретне со тиква: урнебесна реакција на леопард