во ,

Пендаровски со остар став: Договорот со Обединетото Кралство не е стратешки, туку обичен меморандум!

Владата на Република Македонија најави историски стратешки договор со Обединетото Кралство, но поранешниот претседател Стево Пендаровски има сосема поинакво мислење.

Во интервју за „Дојче Веле“, Пендаровски категорично изјави дека „Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не е потпишан“.

Купи Маица

„Меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери“ – Пендаровски го демистифицира договорот

„Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство“, вели Пендаровски. Според него, документот, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, па дури и почетно писмо за намери. Во него, двете влади набројуваат само четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле.

„И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни – британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија“, појасни Пендаровски. Тој додаде дека Владата најавува можност за постоење на втор договор кој би бил за стратешките аспекти на билатералните односи со Лондон, но тоа е нешто што допрва треба да се случи.

„Но, ова нема врска со никаква врска со стратегија, тоа е начелен договор допрва да седнеме и да видиме што вам ви треба за кредитирање“, заклучи поранешниот претседател.

Зачудувачки детали и прашања за валидноста: „Аматеризам“ и непостоечка функција

Пендаровски е последен од низата зачудени во земјата од содржината на документот кој беше ставен на гласање во македонското Собрание. Станува збор за неколку странички, без рокови и без конкретни детали.

Уште повеќе, тој покренува прашање дали договорот е воопшто валиден во Обединетото Кралство. На англиската копија, потписот на Александар Николоски стои зад описот „потпретседател на Македонија“, функција што не постои во нашата држава – а сепак таков беше изгласан во Собранието.

„Ваков аматеризам нема ни во грантовите што британската амбасада ги дава на невладините и медиумите во земјава“, остро заклучи Пендаровски, нагласувајќи ја својата загриженост за професионалноста на овој, како што го нарекува, „договор“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вучиќ најави предвремени избори: „Убедливо ќе победиме, ни треба нова сила и енергија за Србија!“

Клучна средба за Балканот: Муцунски и Рубио разговараа за стабилност и иднината на регионот!