во ,

Повторно се буди Етна: Погледнете како лава избива од нова пукнатина!

Нова ерупција на вулканот Етна: Лава истекува од пукнатина на 3.000 метри надморска височина

Вулканот Етна повторно еруптираше. Утрово се отвори нова пукнатина на надморска височина од 3.000 метри, на јужната страна на кратерот Бока Нуова. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), лавата се движи кон југ.

И покрај ерупцијата, сеизмолозите не забележале значителни промени. Изворот на вулканскиот потрес е на надморска височина од 2.800 метри, помеѓу кратерот Ворагине и североисточниот кратер. Не е забележана зголемена инфразвучна активност.

Супер Летен Попуст

Добрата вест е што нема емисија на вулканска пепел. Поради тоа, аеродромот во Катанија работи нормално. Сепак, како превентивна мерка, прогласено е портокалово ниво на тревога за воздушниот сообраќај. Експертите продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Иванка Трамп купила албански остров за милијарда долари!

БРАВО: Секој ќе си има „свој“ полицаец! Од следната есен се воведува маалска стража