во ,

Подгответе се за еден час повеќе спиење, се враќа зимското сметање на времето

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето.

Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Ова значи дека викендов ќе добиеме еден час повеќе за спиење.

За сите храбри борци

Одлука во согласност со Европа

Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година. Оваа практика ја применуваат поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија.

Повеќе од само навика – укинувањето кое никогаш не се случи

Иако Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука. Поради ова, оваа практика продолжува да се применува.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка. Времето, пак, не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шок во Бруклин: Затвореник му стави нож под грлото на Пи Диди додека спиел

Циклон носи „лудо“ време: подгответе се за јужен ветер од 80 км/ч и многу дожд