во ,

Подгответе список со желби, вечерва погледнете во небото за Орионидите

Орионидите, познати по своите брзи и сјајни метеори, ќе го достигнат својот врв вечерва, ноќта меѓу 22 и 23 октомври, а метеорскиот дожд ќе биде видлив со голо око!

Овој небесен настан е активен од 2 октомври до 12 ноември и на набљудувачите од целиот свет, вклучително и од Македонија, им пружа можност да уживаат во спектаклот од соѕвездието Орион.

За сите храбри борци

Националната воздухопловна и вселенска администрација (НАСА) го опишува како „еден од најубавите метеорски дождови во годината“.

Бидејќи „појавата е поврзана за целата Земја како планета“, подеднакво ќе се гледа од целата нејзина површина.

Идеални услови за гледање

Оваа година условите за набљудување на Орионидите се исклучително поволни. Младата Месечина ќе обезбеди темно небо, што значително ќе ја подобри видливоста на метеорите.

Под оптимални услови, ведро, темно небо и минимално светлосно загадување, набљудувачите можат да очекуваат до 20 метеори на час во раните мугри, пишува на веб-страницата на „Astronomski magazin“.

Останете будни до 5:30 часот

Радијантот на Орионидите, точката на небото од која се чини дека метеорите потекнуваат, изгрева на исток пред полноќ и ја достигнува својата највисока точка на небото околу 5:30 часот наутро. Тоа ги прави раните утрински часови идеално време за набљудување.

За целосно да уживате во оваа небесна претстава, се препорачува да пронајдете темна локација, подалеку од градските светла, и трпеливо да чекате бидејќи метеорите ќе се појавуваат спорадично, но секој блесок ќе биде награда за чекањето.

Повеќе од само дожд – прашина од Халеевата комета

Орионидите се остатоци од познатата Халеева комета, која зад себе остава трага од прашина и отпад додека патува низ Сончевиот систем. Секоја година кога Земјата ќе помине низ оваа трага, ситните честички влегуваат во нашата атмосфера со огромна брзина (околу 66 км/с), согоруваат и ги создаваат светлосните траги што ги нарекуваме метеори.

Не ви е потребен телескоп, само топла облека, ведро небо и список со желби. Уживајте во претставата!

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Секој мозок е уникатен“, пациентка свиреше за да ги води хирурзите низ операцијата