во ,

Познатата македонска ракометарка му кажа ДА на синот на актерот Владо Јовановски

Некогашната македонска репрезентативка Сара Митова ова лето и 20 јули ќе ги памети засекогаш. Познатиот македонски актер Григор Јовановски ја побара раката на Митова и доби потврден одговор, објави порталот 24 ракомет.

Супер Летен Попуст

„ДА. Засекогаш“, напиша Митова на социјалните мрежи.

Своевремено Митова беше сметана за една од најталентираните македонски ракометарки, играше за Вардар Јуниор и со првиот тим на Вардар во Лигата на шампионите.

Има и интернационално искуство, во данскиот Сондерјиск, но одамна не е активна на ракометните терени.

Јовановски е еден од најдобрите млади македонски актери, дел е од ансамблот на „Театар Комедија“ и син на познатиот актер Владо Јовановски.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јадел „волшебни“ печурки, па фатил секира и си ја отсекол машкоста: По 5 часа ги донел деловите во болница во тегла, а еве што се случило…

Племе со 3.000 жени и само 7 мажи кои спијат на дрвја за да избегаат од нивната “љубов”!