во ,

Познатиот јутјубер за данокот за самци: Ова не е промоција на семејни вредности, туку само притисок врз младите

Не стивнуваат реакциите по изјавата на премиерот Мицкоски за воведување на данок за немажени и неженети.

Целта на предлогот, како што беше наведено, е подигнување на наталитетот и зголемување на бројот на склучени бракови. По овој повод, младиот јутјубер Стефан Лазаров се обрати на социјалните мрежи со свој коментар.

Притисок што ќе ги избрка младите

Тој порача дека иако смета дека семејството е благослов, тој не се согласува со таквата мерка. Тој смета дека во овие услови за живеење, таа е контрапродуктивна и само ќе придонесе младите побрзо да ја напуштат државата.

Реклама

„Супер би била меркава како промоција на семејните вредности, но со вакви услови за живеење единствено што се постигнува е притисок. Притисок врз младите и луѓето кои не се во брак да си заминат побрзо од оваа држава,“ напиша тој.

„Бракот на хартија не значи и среќен живот“

„Лично сметам дека семејството е благослов од Бог. Но, некој поради свои причини едноставно не може да го има и никој не смее да го присили на тоа,“ додава Лазаров. „Исто така, документот дека си во брак не значи дека живееш среќен живот со партнерот.“

„Познавам многу луѓе кои не се во брак, а се сакаат многу, па имаат и дечиња. Не знам, навистина не гледам позитивна работа од ова,“ напиша Стефан Лазаров по изјавата на премиерот Мицкоски.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нов голем скандал во полицијата: Полицаецот е осомничен дека правел сериозни злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

Костадинов се повлекува: Нема да се кандидирам како независен, не сакам да бидам алиби за поразот на СДСМ