Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
Нервозни сте и напнати поради ситуациите што се случуваат на работа. Можеби не е сè толку лошо колку што ви се чини на прв поглед. Внимавајте на комуникацијата, бидете коректни кон другите за и тие да бидат кон вас. Ова важи и за емотивниот партнер.
БИК
Настаните се менуваат како на лента. Како да не можете да здивнете, да фатите пет минути за себе. Ќе има тука и убави изненадувања, но и случувања кои ќе ве збунат. Можни се недоразбирања во партнерските односи. Контролирајте ги своите реакции.
БЛИЗНАЦИ
Збунети сте од развојот на одредени ситуации во деловниот сегмент. Сè уште не сте сигурни дали треба да се радувате или не. Почекајте, следните денови ќе донесат разјаснување. Размислувате за некои постапки или зборови на партнерот и ги анализирате.
РАК
Ќе има случувања кои ем ќе ви одат од рака, ем многу ќе ви годат – но ќе има и од оние другите, поради кои ќе се разбесните или ќе ви биде здодевно. Но, генерално гледано – продуктивен ден. Можно е средбата со партнерот или симпатијата да биде одложена поради обврски.
ЛАВ
Во недоумица сте како да ги решите ситуациите што ве окупираат. Иако вам не ви изгледа така, решението е блиску, но можно е до него да дојде дури во наредните денови. Некој преку работа ве заинтересирал. Изгледа дека ниту другата страна не е рамнодушна кон вас.
ДЕВИЦА
Ден кој носи еден куп одложувања, пролонгирања, отежнувања. Ништо нема да можете да завршите од првпат, а тие повторувања ќе ве оптоваруваат. Важно е да вложите труд, а резултатите секако ќе дојдат. Иако се обидувате да го тргнете тоа настрана, чувствувате љубомора и несигурност.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден