Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се обрати на социјалните мрежи со долга и емотивна порака.
Ова се случува откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека тој нема да биде кандидат за нов мандат. Костадинов во својата објава најави дека го замрзнува своето членство во партијата. Тој упати и остра критика.
„Го замрзнувам членството, не со ова раководство на СДСМ“
„Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ. Не со ова раководство. Не додека СДСМ не се врати таму каде што ѝ е местото,“ пишува тој. „Не можам да молчам кога гледам немање став, немање храброст, немање волја за фронт од тие од кои најмногу се очекува!“
Причина за повлекувањето: „Нема вистинска понуда за градот“
Тој нагласи дека во изминатите 11 години не изгубил ниту едни избори. Причината, според него, не е стравот од пораз. „Јас не знам што значи да изгубиш избори,“ напиша тој. „Туку затоа што нема вистинска понуда за градот. Нема суштинска дебата. Нема нова визија.“
„Не сакам да бидам градоначалник по инерција. Сакам да бидам избор по потреба и по убедување.“ „Паметно е да направиш чекор назад кога немаш конкуренција, за да ја видиш планината од дрвото кое што сега ти ја крие,“ додава тој.
Отчет за сработеното и најава за ново политичко делување
Во објавата, тој наброја и голем дел од сработените проекти. Меѓу нив се првиот електричен јавен превоз, новиот зелен пазар, како и завршени канализации во селата. Потоа, тој ги најави и своите следни чекори.
„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам.“ „Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување. Тоа ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори.“
На крајот, тој ѝ посака среќа на партијата. „До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина,“ заврши Костадинов.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден