во ,

Природни рецепти за коса оштетена од сонце и сол

Сонцето, морето и солта ви ја исушија косата: Две домашни маски за сјај и мекост

Летото ја исцрпува косата, но природните маски повторно и даваат живот и свиленкаст сјај.

Сонцето, солта и хлорот ја сушат косата, оставајќи ја кршлива и без еластичност. За да и го вратите здравиот изглед, вреди да ја негувате со домашни маски кои се лесни за подготовка и богати со хранливи материи. Еве два едноставни рецепти што ќе и го вратат сјајот и мекоста.

Супер Летен Попуст

Хранлива маска од авокадо

Состојки: 1 зрело авокадо, 1 лажичка маслиново масло, 1 лажичка мед, 1 јајце.

Постапка: Изгмечете го авокадото и измешајте го со останатите состојки. Нанесете на косата од коренот до врвовите, оставете 20 минути и исплакнете со топла вода.

Зошто е добра? Авокадото ја враќа еластичноста, маслиновото масло длабински хидрира, медот ја задржува влагата, а јајцето обезбедува протеини за зајакнување на косата.

Маска од алое вера

Состојки: 1 лист алое вера, 1 лажичка бадемово масло.

Постапка: Извадете гел од алое вера, ситно исечкајте и измешајте со бадемово масло. Нанесете на косата, завиткајте со пластична фолија и оставете 20 минути, потоа исплакнете.

Зошто е добра? Алое вера ја хидрира косата и го стимулира растот, а бадемовото масло додава мекост и сјај благодарение на витаминот Е.

Со овие природни третмани, косата повторно ќе изгледа свежо, хидрирано и прекрасно – дури и после долго лето на сонце и море.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мајките – вистинските херои зад нашите приказни

Кина го води светот во јавни полначи за е-возила