во , ,

Протече снимка од инцидентот на Бит Пазар: Дали Арсовска прва удрила со клоца?

Камера поставена на приватен објект го снимила инцидентот помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и лицето за кое таа тврди дека ја нападнало.

Снимката протече во јавноста само неколку часа откако таа тврдеше дека била брутално нападната и дека полицијата не интервенирала соодветно. Видеото, кое брзо се рашири на социјалните мрежи, покажува поинаква слика.

Што точно покажува новата снимка?

Насловот на видеото е „Данела Арсовска прва започнува напад“. Според снимката, се гледа како едно лице (наводно Арсовска) се доближува кон другото лице (мажот). Потоа, машкото лице добива клоца. Веднаш по клоцата која ја добива мажот, дотрчува полициски службеник кој го трга удреното лице настрана.

Супер Летен Попуст

Потоа започнува друга снимка, која е направена од мобилен уред. На неа се слуша женски глас како вика: „Што ме удираш бе, кого удираш?“. На оваа снимка се гледа како полицајци го тргаат мажот кој претходно беше удрен. Од него, пак, се слуша како извикува пцовки кон женското лице.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Данела Арсовска: „Ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува!“

Бугарија го претстави нападот врз Арсовска како напад врз „бугарска државјанка“ и бара извинување од Мицкоски