во

ПРОШИРЕНА ИСТРАГАТА ЗА ШВЕРЦОТ ВО СРБИЈА: Уште седум лица осомничени за нелегален транспорт на 5 тони марихуана.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја проширува истрагата за нелегален транспорт на марихуана од Македонија во Србија против уште седум нови лица.

Новите осомничени се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Досега, постапката за овој меѓународен шверц се водеше против вкупно 12 лица – шестмина од Македонија и шестмина од Србија, кои беа уапсени во февруари оваа година.

Легална фирма како параван за криминал

Супер Попуст -25%

Според информациите од истрагата, групата како параван го користела правно лице во Скопје кое поседувало официјално одобрение за одгледување канабис за медицински цели и дозвола за производство на екстракти од канабис. Овој параван им овозможил во најмалку пет случаи успешно да транспортираат марихуана за препродажба во Србија и други земји.

„Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од стоката, а на нејзино место се ставале кутии со марихуана со тежина приближно еднаква на извадената стока. Марихуаната била прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани“, соопштија од ОЈО ГОКК.

Потоа товарното возило се упатувало кон Граничниот премин Табановце, при што за цело време било следено и обезбедувано од некој од осомничените со патничко возило.

Запленети пет тони и први затворски казни

Во рамки на оваа акција, полицијата во соседна Србија успеа да заплени неверојатни над пет тони марихуана. Судскиот епилог за дел од криминалната група веќе започна.

  • Пред една недела, Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби.
  • Двајца од осомничените целосно го признале делото.
  • Изречени им се затворски казни во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

БИТКАТА СО ОГНЕНАТА СТИХИЈА ПРОДОЛЖУВА: Активни седум пожари низ Македонија, 13 изгаснати.

ИРАН МУ СЕ ЗАКАНУВА НА САД: Техеран преминува во целосна офанзива, мировните преговори во ќорсокак!