САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби да прифати прекин на огнот, соопшти американскиот Стејт департмент.
Од Вашингтон велат дека го менуваат пристапот во однос на мировната иницијатива и од сега натаму нема директно да учествуваат во разговори по повик, туку ќе ја префрлат одговорноста на страните во конфликтот.
„Секако, ние сè уште сме посветени да помогнеме и ќе направиме што можеме. Но, она што се промени е тоа што повеќе нема да летаме на другата страна од светот штом некој нè повика да посредуваме на состаноци. Тоа сега е прашање меѓу двете страни. И сега е време тие да презентираат и да разработат конкретни идеи за тоа како ќе заврши овој конфликт. Топката е на нивен терен“, изјави портпаролката на Стејт департментот.
Со оваа одлука, САД испраќаат порака дека очекуваат конкретни и конструктивни чекори од Киев и Москва, додека американската улога преминува во поинаква, поддржувачка форма.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден