во ,

Светот мисли дека тој е детективот од Лувр, но вистината е урнебесна

Фотографијата што Associated Press ја сподели со медиумите, по кражбата на накитот во музејот Лувр во Париз, на прв поглед изгледаше сосема вообичаено.

На неа се гледаат тројца полицајци потпрени на сребрен автомобил, паркиран во дворот на музејот, само неколку часа по грабежот што се одигра во неделата.

Викенд Намаление

Елегантно облечениот странец

Сепак, вниманието на многумина го привлече еден елегантно облечен младич од десната страна на фотографијата, кој многумина на социјалните мрежи го споредија со култните детективи како Шерлок Холмс и Херкул Поаро. Во деновите по објавувањето на фотографијата, корисниците на интернет смислуваа бројни теории за тоа кој би можел да биде елегантно облечениот маж, пренесува „Јутарњи“.

Некои тврдеа дека станува збор за детектив кој работи на случајот, други се сомневаа дека фотографијата е генерирана со помош на вештачка интелигенција, додека трети едноставно коментираа дека „изгледа баш како Французин“.

Фотографот откри сè

„За да го решиме случајот, потребен ни е неизбричен, дебел и исцрпен детектив кој поминува низ развод. Функционален алкохоличар што остатокот од одделот го презира. Никогаш нема да успееме со елегантен детектив“, се наведува во една урнебесна објава на мрежата Х, која е прегледана повеќе од пет милиони пати.

Тибо Каму, фотографот што го снимил овој кадар, потврди дека мажот е реален и дека бил само случаен минувач кој нема никаква врска со истрагата. Тој вели дека лично не го познава, но дека неговиот посебен стил го натерал да го притисне копчето и да го овековечи тој момент.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прво мерцедес, а сега комбинезон што го „запали“ Балканот

Таткото кој пешачеше 100км со ранец тежок 20кг – колку што тежеше неговиот починат син Хју