„Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава.“
„Ова е директен резултат на штетните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“ Со овие зборови, СДСМ денеска ја критикуваше економската политика на власта. Според нив, последните податоци на Народната банка ја демантираат власта.
Податоци од Народна банка: Најниско ниво на инвестиции од 2020 година
Во однос на последниот квартал од 2024 година, странските директни инвестиции се намалени за 261,7 милиони евра. Тие паднале од 397,5 на само 135,8 милиони евра. Во споредба со истиот квартал лани, падот е 191,4 милиони евра. „И ова е најниско ниво на СДИ од 2020 година – година кога имаше ковид пандемија,“ велат од СДСМ.
„Денес нема глобална криза, но имаме домашен економски колапс – создаден од неспособната Влада на ВМРО-ДПМНЕ,“ обвинуваат од партијата.
„Лани имаше рекордни инвестиции како резултат на политиките на СДСМ“
Од СДСМ велат дека рекордните странски инвестиции од 1,25 милијарди евра во 2024 година не се резултат на оваа влада. Туку, тие биле резултат на правилните политики на владата на СДСМ. „Залудно се обидува Мицкоски да го прикрие падот со најава за нова инвестиција,“ порачуваат од таму.
Според нив, странските компании инвестираат таму каде што има стабилност, јасни правила и владеење на правото. „Ништо од тоа не постои денес во Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ,“ се вели во соопштението.
„БДП-то расте само на хартија, граѓаните осиромашуваат“
„Никој не сака да инвестира во држава во која премиерот прикажува лажен економски раст, а во реалноста економијата тоне.“ Од партијата тврдат и дека куповната моќ на граѓаните е намалена за 20%. Тие додаваат дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.
„Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата. 70% од вработените живеат со плата под 500 евра,“ велат од СДСМ. „Ова е реалноста што ВМРО-ДПМНЕ сака да ја сокрие. Реалност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден