во ,

Сестрата на Фросина повикува на протест утре: „Судот денес вторпат ја уби, во оваа земја убиството се исплаќа!“

Гнев, очај и неверување зовреа по денешното изрекување на пресудата за смртта на младата Фросина Кулакова.

Нејзината сестра, Росица Кулакова, со потресни зборови ја обвини правдата и судството, извикувајќи дека „судот по вторпат ја уби Фросина“ и дека 12-годишната казна затвор за Васил Јованов е доказ дека „во оваа земја убиството се исплаќа“.

Таа упати јавен повик за протест утре, барајќи правда за нејзината сестра и за сите жртви на, како што вели, трулиот систем на неказнивост. Дали нејзиниот крик ќе ја разбуди јавноста?

Реклама

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина, во емотивна реакција ја оцени денешната пресуда од 12 години затвор за возачот Васил Јованов како „срамна“ и „триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство“.

Таа со болка напиша: „12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина. Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина.“

Таа остро ги критикуваше и наводните олеснителни околности за осудениот. „Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вриштел врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е „спортист”? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб“, прашува Кулакова.

Според неа, овој суд не донел правда, туку испратил јасна порака дека „во оваа земја, убиството се исплаќа“. Таа ја нарече пресудата потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете и доказ дека неказнивоста станала правило. „Срам да ви е!“, им порача таа на надлежните.

Росица Кулакова најави дека семејството нема да молчи и дека нивната болка ќе ја претворат во борба за промени. Таа ги повика сите граѓани да им се придружат на протест. „Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи.

За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!“, апелираше сестрата на Фросина. Протестот е закажан за утре, среда, 14 мај, со почеток во 17:00 часот пред Универзална сала – местото каде што беше одземен животот на Фросина.

Потоа, поворката ќе се упати кон судот, за кој Кулакова напиша дека „денес, по втор пат ја уби“ нејзината сестра. „Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста“, заклучи таа, завршувајќи ја својата објава со зборовите: „СУДИИ – УБИЈЦИ!“

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аларм на северната граница: Сателити снимија како Русија трупа војска и опрема во близина на Финска!

Сензационален настап кој го освои светот: Чарна Невзати во боите на македонското знаме на Мис на светот