
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени кога товарен авион на УПС (UPS) Мекдонел Даглас МД-11, се сруши во близина на меѓународниот аеродром „Мухамед Али“ во Луивил (Кентаки).
Товарниот авион на УПС се урнал веднаш по полетувањето во вторникот, оставајќи зад себе огнена трага на уништување и огромен облак од густ црн чад кој се протегал со километри.
Според гувернерот Енди Бешир, во несреќата загинале најмалку седум лица, додека 11 се повредени. За жал, се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Градоначалникот на Луивил рече дека се верува дека загинале сите три члена на екипажот, додека четири потврдени жртви биле лица кои не биле во авионот.
Удрил во постројка за нафта, се слушнале експлозии
Авионот, при падот, „закачил“ и постројка за рециклирање нафта, што довело до експлозии. „Таму се наоѓаат резервоари со пропан и нафта. Некои од нив експлодираа“, рече шефот на пожарникарите, Брајан О’Нил. Тој објасни дека дел од бучавата била и од сигурносните вентили кои ја ослободувале пареата, што спречило уште поголема експлозија.
Хаос на теренот и токсичен чад
Стотици пожарникари се ангажирани на теренот. Пожарот предизвикан од падот на авионот сега е под контрола, но аеродромот е затворен и сите летови се пренасочени. Густиот чад се издигнал високо во атмосферата и се движел кон север, а еден мерач регистрирал нагло зголемување на загадувањето дури во Џеферсонвил, Индијана.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







