во ,

„Се будам со гребнатини од канџи“, хорор приказна на жена што купила проколната кукла

Она што започнало како необично онлајн купување се претворило во „кошмар“ за семејство од Корнвол – барем така тврдат нејзините членови.

Кендис Колинс (42) ја купила куклата која многумина ја нарекуваат „најпроколнатата во Велика Британија“ – и од тогаш, како што вели, нејзиниот дом повеќе не е ист.

За сите храбри борци

„Животот се преврте наопаку“

Русокосата кукла по име Норман, облечена во ригеста кошула, некогаш му припаѓала на Кристијан Хоксфорт, кој ја продал по низа лоши животни настани – операција на слепо црево, сообраќајна несреќа и намалување на платата.

Иако Кендис ги слушнала сите тие приказни, одлучила да ја купи куклата за 200 фунти. Како „истражувач на паранормалното“, сметала дека Норман ќе биде вреден додаток на нејзината колекција. Но, од моментот кога куклата пристигнала во јуни 2023 година, Кендис тврди дека нејзиниот живот се превртел наопаку, пренесува Mirror.

„Штом ја отворив кутијата, собата нагло се олади, а чувството на депресија и тежина го исполни воздухот. Веднаш знаев дека нешто не е во ред со таа кукла“, раскажала таа.

„Моето здравје се влоши, се будам со гребнатини“

Поради страв за семејството, таа ја ставила куклата во стаклена кутија со света вода и ја преместила во помошна зграда. Сепак, тврди дека присуството на Норман сè уште го чувствува.

„Мојата здравствена состојба се влоши. Имам артритис, главоболки и необјасниви модринки. Дури и се разбудив со гребнатини на грбот кои изгледаат како траги од канџи. Мојот партнер Ник сега мора на операција на колкот. Сè оди надолу – како куклата да нè проколна“, додава Кендис.

Најморничавиот дел, како што вели, се однесува на нејзиниот тригодишен син.

„Една ноќ почувствував…“

„Ноќе го слушам како зборува со некого и се смее… Во соништата чувствувам дека нешто ме напаѓа. Една ноќ дури почувствував дека некој ми ја гризе раката. Еднаш слушнав глас како ме довикува по име. Беше тоа зол, длабок глас. Делуваше реално“, тврди Британката.

Кендис, која води група за истражување духови, вели дека куклата потсетува на Чаки: „Како никој да не смее да му застане на патот… Шепоти работи што можат да повредат, па дури и да убијат. Мислам дека ова е најпроколнатата кукла во Велика Британија, можеби и во светот“, заклучила таа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Александра се туширала, а машината за перење ја „стресела“ од струја

Среќата ги сака храбрите, а понекогаш и будалите, ова видео е доказ