
Маж кој по грешка бил ослободен од затвор истиот ден кога бил осуден, се вратил зад решетки сам по три дена на слобода, потврди британската полиција.
Вилијам Смит (35) се предал вчера во злогласниот затвор ХМП Вандсворт, пишува Би-Би-Си. Смит бил ослободен во понеделникот, иако истиот ден бил осуден на 45 месеци затвор за повеќекратни измами во судот во Кројдон. Тој е еден од двајцата затвореници кои биле погрешно ослободени од Вандсворт во одделни инциденти изминатата недела.
Повеќе од само грешка – хаос во системот
Би-Би-Си дознава дека ослободувањето на Смит се должи на административна грешка во судот – во компјутерскиот систем по грешка била внесена условна казна наместо затворска. Иако подоцна била направена корекција, таа наводно била испратена до погрешно лице, што довело до неверојатниот пропуст.
Откако Смит се предал, полицијата го повлекла апелот до јавноста за негово лоцирање. Видеото од неговото пристигнување во затворот, како мирно влегува назад, стана вирален хит.
„Затворите не треба да се потпираат на систем на чест“
🚨NEW: ITV News have filmed wrongly released prisoner William “Billy” Smith handing himself in this morning following a 3 day manhunt.
pic.twitter.com/cOvqXgHfpG— PolitixBrief UK (@PolitixbriefUK) November 6, 2025
Министерот за правда, Дејвид Лами, е критикуван поради новите пропусти, особено откако по претходниот случај (на Брахим Кадур-Шериф, кој сè уште е во бегство) вети дека ќе воведе построги проверки. Пратеникот од Либералните демократи, Вил Форстер, изјави дека владата мора да се соочи со сериозни прашања.
„Нашите затвори не треба да се потпираат на систем на чест, каде што погрешно ослободените луѓе се враќаат во затвор сами“, рече тој.
Најновите бројки покажуваат дека бројот на погрешни ослободувања во Велика Британија е повеќе од двојно зголемен, достигнувајќи 262 случаи годишно, или во просек по 22 затвореници погрешно ослободени секој месец.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







