во ,

Се продава последниот автомобил на Елвис: Кадилакот што го возел пред смртта

На онлајн аукција е ставен последниот автомобил што го возел Елвис Присли – неговиот Кадилак Севил од 1977 година, кој му бил омилен и кој го возел само неколку часа пред да почине. Легендарниот автомобил е значаен дел од наследството на „Кралот на рокот“ и веќе привлекува огромно внимание меѓу колекционерите.

Само девет дена по неговата смрт, таткото на Елвис, Вернон Присли, го префрлил автомобилот на неговата свршеница Џинџер Алден, а возилото потоа преминало во сопственост на неколку колекционери, меѓу кои и Џими Велвет, кој го водел музејот на Елвис во Грејсленд. Велвет тврдел дека автомобилот бил дел од најголемата колекција на предмети поврзани со музичката легенда.

Супер Летен Попуст

Автомобилот, со темно црвена и бургундска боја што лично ја избрал Елвис, е еден од најпрепознатливите автомобили во неговата колекција. Во него инсталирал CB радио преку кое комуницирал со стражарницата и кујната на имотот Грејсленд. Кадилакот има моќен V8 мотор со 5,7 литри, а досега поминал само 93.000 километри, што го прави уште поатрактивен за потенцијалните купувачи.

Автомобилот моментално е на онлајн аукција, која ќе трае до 25 ноември, а се очекува цената да надмине 100.000 долари. Интересно, оригиналните регистарски таблички „Elvis 1“ нема да бидат понудени на продажба. Овој Кадилак е само еден од околу 200 што Елвис ги купил во текот на својот живот, многу од нив подарувајќи ги на семејството, пријателите и на обожавателите.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брза и вкусна посна салата со тиквички – готова за 20 минути!

Бијонсе руши рекорди: Најноминираната во историјата на Греми