во ,

„Се чувствувам како дома“: Ѓоковиќ ја откри најголемата причина зошто се пресели во Грција

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во Атина го започнува походот кон 101-та титула во кариерата, а пред својот прв настап на новиот турнир, тој даде опширно интервју за „CNN Грција“.

Во интервјуто, тој за првпат отворено зборуваше за мотивите поради кои одлучил со семејството да се пресели и да живее во Грција.

„Грчкиот и српскиот народ се како браќа“

Ѓоковиќ истакна дека поврзаноста меѓу двата народа е клучната причина за неговата одлука.

„Постојат многу историски, религиозни, општествени, културни врски меѓу Грција и Србија, кои се голема причина зошто јас сум овде. Исто така, времето и храната се неверојатни, а крајбрежјето е едно од најубавите. Ми се допаѓа стилот на живот и навистина чувствувам дека грчкиот и српскиот народ се како браќа. Тоа е најголемата причина“, изјави Новак.

Повеќе од само одмор – позитивно искуство

Тенисерот, кој во Атина ќе настапи на турнирот кој неговото семејство го пресели од Белград, потврди дека веќе некое време живее таму и дека впечатоците се одлични.

„Ние како семејство се обидуваме да видиме како тече животот овде. Искуство… Овде сме нешто помалку од два месеци, но досега е многу позитивно искуство“, заклучил Ѓоковиќ.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тејана Тејлор го заборави градникот дома, а фустанот ѝ беше целосно проѕирен

„Бизнис“ за Задушница: Лажен поп уапсен среде гробишта во Ѓорче Петров