во ,

Си седел еден наш цар од сегашноста на тронот и слушнал како некој вика: Ајде на убави јаболка-а-а-а!

Како функционира државата?

Си седел еден наш цар од сегашноста на тронот и слушнал како некој вика: „Ајде на убави јаболка-а-а-а!“

Погледнал преку прозорецот и видел еден старец со запрежна кола продава јаболка, а околу него толпа купувачи.

Му се пријало на царот наш сегашен од овошјето, го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“

Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“

Министерот за транспорт и врски го викнал помошник министерот од коалицијата и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за нашиот цар.“

Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата од владејачката партија и му рекол: „Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот.“

Шефот на стражата викнал еден стражар близок со заменикот за здравство и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот.“

Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол: „Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!“

Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“

Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“

Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“

Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“

Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“

Седи нашиот цар на тронот во престолот на Водно и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.

НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вози побавно, си ги испокршивме забите!

17 Познати личности кои влегоа во непријатна ситуација, но не се засрамија