во , ,

Скандалозна одлука на судот: Возачот кој со мотор го усмрти Чичко Југо на кејот доби само куќен притвор

Возачот, кој со мотоцикл усмрти пешак кај Паркот на Франкофонијата во Скопје, доби куќен притвор.

Возачот, кој управувал мотоцикл „Кавасаки“ без возачка дозвола и на пешачка патека, по ударот избегал без да му укаже помош на човекот. Обвинителството во случајот побарало ефективен притвор и најави дека ќе се жали на оваа одлука на Кривичниот суд.

Детали за истрагата: Возел без дозвола, удрил во пешак и избегал

Во случајот настрада Југослав Николовски, кој бил прегазен веднаш под прозорецот на неговиот стан. Основното јавно обвинителство Скопје вчера информираше дека е донесена наредба за истражна постапка против 25-годишниот скопјанец.

Реклама

Тој е осомничен за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош. На 1 јули, тој управувал мотоцикл без табличка по пешачка патека. Возел преку површина наменета за пешаци и не ја приспособил брзината.

Со левиот дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден. Возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал следното утро.

Обвинителството бараше притвор, судот одлучи поинаку

Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени. Тој пеш го напуштил местото на несреќата. За јавниот обвинител, фактот што осомничениот веднаш избегал е потврда за опасноста од бегство.

Освен тоа, станува збор за претходно осудувано лице. Тој на критичниот ден направил две кривични дела едно по друго. Поради овие причини, Обвинителството доставило предлог за определување мерка притвор. Сепак, судот одлучил поинаку и му одредил само куќен притвор.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крај на дивеењето по улиците: Ако возите безобзирно и ги кршите правилата, ќе останете без вашиот автомобил!

МВР конечно постапува за дивоградбите во Чаир: Борбата против криминалот е бескомпромисна!