
Сокриен долг од 350 милиони евра и кршење на законот
По објавувањето на документот за ново огромно задолжување од 1,3 милијарди евра, СДСМ обвини дека власта се користи со фингирани табели за да ја замае јавноста. Од партијата потенцираат дека во официјалните податоци за јавниот долг заклучно со јуни 2026 година, намерно не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра наменет за Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Ваквиот потег, според опозицијата, претставува директно кршење на Законот за јавен долг, кој јасно наложува дека во оваа пресметка мора да влезе и гарантираниот долг на јавните претпријатија основани од државата.
Шверцерско намалување на буџетскиот дефицит
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Доколку овој скриен долг се прикаже реално, укажуваат од СДСМ, вкупниот јавен долг на државата веднаш би ја надминал критичната граница од 11 милијарди евра. Позадината на оваа, како што ја нарекуваат, подмолна операција, е одлуката ЈПДП директно да се задолжува со цел шверцерски и вештачки да се намали официјалниот буџетски дефицит. Бидејќи во државната каса нема доволно средства, владејачката гарнитура сега се обидува да ја одржи сликата за финансиска стабилност преку незаконско прикажување на економските параметри.
„Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата“, алармираат од СДСМ во своето соопштение.
Празна каса и најава за екстремно скапи кредити
Дополнителен сомнеж кај опозицијата буди и самиот тајминг на новите задолжувања кои, според владините оправдувања, биле планирани дури за 2027 година. Од СДСМ прашуваат зошто Владата носи одлуки за задолжување пет месеци пред крајот на годината, тврдејќи дека вистината е оти буџетот е празен и фискалната година не може да се затвори без итна финансиска инјекција. Партијата предупредува дека власта веќе преговара со кредитори и дека до крајот на годината граѓаните ги очекува ново, екстремно скапо надворешно задолжување проследено со вонредно високи каматни стапки.


