во ,

СКОПЈЕ ЌЕ СЛАВИ: Ѓорѓиевски одвои 70.000 евра за новогодишна прослава и украсување!

Скопје ќе добие новогодишно украсување и организирана прослава, за што ќе бидат потрошени 70.000 евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на седницата на Советот на Град Скопје.

Парите се обезбедуваат преку ребаланс на буџетот. Иако во буџетот за 2025 година првично не беа планирани средства за оваа намена, бидејќи поранешната градоначалничка Данела Арсовска не распишувала тендери за украсување, новата градска власт одлучи дека Скопје овојпат нема да остане без празнична атмосфера.

Повеќе од само украсување – Ѓорѓиевски: „Тоа е достоинствена прослава“

На седницата, советничката од СДСМ, Кети Штерјова, побара објаснување од која ставка се земаат парите, нагласувајќи дека е за поздравување „доколку се работи за умерено трошење“.

Ѓорѓиевски одговори дека финансискиот план е рационален. „За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа не е премногу и дека е сосема нормално за да имаме една достоинствена прослава за скопјани“, изјави градоначалникот.

Претходните години, главниот град се украсуваше само десетина дена пред Нова година, а јавноста често не добиваше информации кој го вршел украсувањето и како било платено. Деталите за овогодишната програма и изведувачите ќе бидат соопштени во наредните денови.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЧИ СЕТО ОВА?!“: Лекарот ги откри ПОСЛЕДНИТЕ зборови на Тито пред да падне во кома!

„Далматинец“ скокна на брод за да се спаси од јато орки!