Во свет каде доминираат онлајн нарачките и дигиталните плаќања, скопскиот фаст фуд ланец „Седмица“ успешно им пркоси на модерните трендови. И покрај тоа што не примаат нарачки онлајн, не вршат достава и прифаќаат само готовина, нивната популарност не бледнее, а бизнисот цвета, носејќи милионски профити.
Можеби не се модерни, можеби се старомодни, но тоа очигледно не им пречи на многубројните фанови на „Седмица“. Во град каде дигитализацијата на услугите е сè поприсутна, овој фаст фуд ланец одлучно се држи до својот традиционален начин на работа – само нарачки на лице место и плаќање исклучиво во готовина.
Компанијата „7 Фаст фуд“, која стои зад познатите сендвичари „Седмица“ во Скопје, и покрај својот класичен пристап во работењето, бележи завиден финансиски успех. Според податоците од Бизнис мрежа, минатата 2024 година, вкупните приходи од продажба на разни видови сендвичи, тостови, пирошки и пијалоци достигнале импресивни 4,9 милиони евра. Ова е за сто илјади евра помалку во споредба со претходната година, но профитот останува силен.
За втора година по ред, добивката на „7 Фаст фуд“ надминува еден милион евра. Во 2024 година, компанијата остварила профит од еден милион и 67 илјади евра. Во 2023 година, добивката била за 24 илјади евра помала, но сепак значителна.
Анализата на податоците од Бизнис мрежа покажува дека зголемувањето на профитот минатата година, и покрај благото намалување на приходите, се должи на ефикасното управување со трошоците. Вкупните расходи на компанијата биле пониски за речиси 4 отсто во споредба со 2023 година, што претставува основа за растот на крајната добивка.
Оние кои често се хранат во „Седмица“ добро знаат дека за да стигнат до саканиот сендвич, често е потребно трпение и чекање во ред. Сепак, брзината и добрата уиграност на вработените секогаш придонесуваат услугата да биде ефикасна и покрај големиот број на клиенти.
Тимот на „Седмица“ минатата година броел 93 вработени, што е благо намалување во однос на 2023 година кога имало 95 лица. Во 2022 година, компанијата функционирала со помал персонал од 86 вработени.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден