
Емотивна благодарност: Сопругата на Саша Поповиќ се обрати до јавноста по неговата смрт!
Сузана Поповиќ, вдовицата на основачот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, за прв пат се огласи по неговата смрт на 1 март.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден

„Благодарам на сите добри луѓе кои изразија сочувство и сочувствуваа со нашата болка“, напиша таа на Фејсбук. Таа додаде и емотикони со срца. Нејзината објава собра 28.000 реакции и предизвика нови изрази на сочувство.
Александар Саша Поповиќ почина на 1 март на 70-годишна возраст. Тој почина по кратко и тешко боледување. Веста ја соопшти Гранд продукција. Поповиќ беше основач и директор на оваа продукција. „Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција“, соопштија од таму.


