
Практичен избор за секој оброк
Без разлика дали ви е потребен брз појадок, вечера, ужина или мезе кога ќе ви се најават гости, пица-ролатот е идеален избор. Надевот можете лесно да го прилагодите според она што веќе го имате во фрижидерот, додека комбинацијата од шунка, кашкавал, шампињони и кечап му дава препознатлив и омилен вкус.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Најјубаво е додека е сеуште топол, кога кашкавалот е убаво растопен, а корите се златни и крцкави.
Потребни состојки:
- 1 пакување готови кори
- 250 г шунка
- 200 г кечап
- 250 г рендан кашкавал
- 250 г шампињони
- 2 лажици кисела павлака
- Пола шолја масло
- Пола шолја кисела вода
- 1 јајце
- Оригано по желба и сусам за посипување
Како се подготвува пица-ролатот?
Најпрво измешајте ги маслото и киселената вода. Земете една кора, попрскајте ја со смесата, па преку неа ставете ја втората кора. Премачкајте со кечап, распоредете ја шунката, додајте го ренданиот кашкавал, исечканите шампињони, малку оригано и неколку лажичиња кисела павлака.
Внимателно уролајте ги корите, премачкајте ги со изматено јајце и посипете со сусам. Повторете ја постапката со останатите состојки, исечете го ролатот на еднакви парчиња и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути додека не добијат убава златна боја.


