38 стари оклопни и теренски возила ќе гасат пожари на отворено низ територијата на цела држава.
Овие неупотребливи возила денеска беа промовирани од премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Тие биле надоградени со резервоари за вода и пумпи со висок притисок. Целта е да се овозможи полесна борба со огнената стихија.
Ангелов: „Имаме неспоредливо повеќе ресурси“
Пренаменетите оклопни возила за Ангелов се чекор напред во превенцијата. Тој вели дека иако сезонава се очекуваат голем број на пожари, сепак нема да му е потребна „гранка за гасење“. Причината е што возилата се доволни.
„Оваа година гранката нема да ми треба. За разлика од минатите години, имаме повеќе ресурси. Со нив борбата против огнената стихија ќе биде поедноставна. За прв пат имаме неспоредливо голем број ресурси,“ рече Ангелов.
Аљи: „Годинава стоиме подобро од лани“
Со сличен став е и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Аљи. Тој вели дека годинава државата располага со солидна опрема. Покрај пренаменетите возила, ќе се користат и хеликоптери. Ќе бидат ангажирани два армиски и два полициски хеликоптери.
„Оваа година, според прогнозите, има поголем ризик од лани. Но, со новите возила стоиме подобро,“ рече Аљи. „Се чека и вториот авион на ДЗС. Мислам дека годинава е подобро и во делот на возилата и на воздушната опрема.“
Каква е моменталната состојба со пожарите?
Според последните информации на ЦУК, во изминатите 24 часа се регистрирани 25 пожари. Од нив, активни сè уште се четири. Два од активните пожари се во Прилепско, еден во Македонски Брод и еден во Општина Чашка.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден