во ,

ТАМАРА СО ВЕСТИ ЗА ПАНЧО ОД ДНК: „Подобар е, се МОЛИМЕ брзо да се ВРАТИ!“ – тагата за КОЛЕГИТЕ не стивнува

Во очекување на официјални информации, неговата пријателка Тамара Тодевска сподели позитивни вести. Станува збор за здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој се здоби со сериозни повреди во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тамара, одговарајќи на прашања од следбениците на Инстаграм, откри дека состојбата на Панчо е подобрена. Таа истакна дека сите се молат за негово побрзо закрепнување и враќање.

Купи Маица

„Панчо е фала му на Бога подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати“, напиша познатата пејачка. Оваа вест донесе мало олеснување кај јавноста.

Панчо е еден од повредените кои сè уште се на лекување. Тој го преживеа страшниот пожар на 16 март. Во таа трагедија, животот го загубија вкупно 62 лица.

Меѓу настраданите беа и повеќе членови на тимот на „ДНК“. Загинаа пејачот Андреј Ѓорѓиески и придружниот вокал Сара Пројковска. Исто така, и гитаристот Андреј Коларов и тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев.

Животот го загубија и пијанистот Филип Стевановски и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо. Починаа и тонецот Игор Велков, како и официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД САУДИСКА АРАБИЈА: „ЅИД ОД ПЕСОК“ голта сè пред себе – ЦРВЕН АЛАРМ во регионот!

Честит 7 Мај – Ден на македонската полиција! Почит за ЧУВАРИТЕ на нашиот МИР и БЕЗБЕДНОСТ!