
Орце Ѓорѓиевски: ‘Градските гробишта не смеат да бидат депонии, таму сите имаме некој близок’
По сеопфатната 72-часовна акција за чистење на улиците, новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го насочи фокусот кон уште една критична и долго запоставена точка во градот – градските гробишта. Ѓорѓиевски изјави дека е решен да воведе ред и достоинство на, како што рече, „местата на спомен, почит и тишина“, кои во изминатиот период беа претворени во места на неред и запуштеност.
„Секој од нас има таму некој близок и затоа непријатни глетки и депонии не смеат да се дозволат“, порача Ѓорѓиевски. Тој информираше дека првиот чекор е веќе направен: пред неколку дена била целосно отстранета големата дива депонија што се наоѓала на паркингот на гробиштата.
Ограда против загадувачите и продолжување на казните
За да се спречи повторното создавање на диви депонии на истата локација, Ѓорѓиевски информираше дека управата веќе поставила заштитна ограда. Овој потег следи по најавата за нулта толеранција кон загадувачите, која започна со 72-часовната акција во која веќе беа изречени над 40 казни и 70 опомени за несоодветно фрлање отпад.
Градоначалникот најави дека ќе продолжи посветено да се грижи за одржување на чистотата и редот на сите јавни површини, вклучително и на гробиштата. „Ќе продолжиме посветено да се грижиме“, заклучи Ѓорѓиевски, испраќајќи порака дека воведувањето ред во сите сегменти на градот, од улиците до гробиштата, ќе биде главен приоритет на неговиот мандат.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







