
Српската пејачка Теа Таировиќ, која моментално е една од најпопуларните на Балканот, на 30 ноември ќе го одржи својот најголем концерт во Скопје како дел од турнејата „Нека гори Балканот“. На денешната прес-конференција, Таировиќ најави незаборавна вечер за македонската публика, полна со изненадувања, гости и богата сценографија.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Теа изрази голема благодарност за македонските фанови, истакнувајќи дека секогаш се чувствува како дома во Македонија и дека македонската публика е најбројна на нејзините настапи низ светот. Таа најави дека ќе пее „со целото срце“, и дека овој концерт ќе биде надградба на минатогодишниот спектакл во СЦ „Јане Сандански“, но овојпат во значително поголем простор – Арената „Борис Трајковски“.
Настанот ветува вечер за паметење, со што македонската публика ќе добие единствено концертно искуство, какво што веќе уживаше и белградската публика.


