Малечок електронски имплант, кој се вградува во окото, им овозможува на лицата кои го изгубиле видот повторно да читаат.
Уредот со димензии 2х2 милиметри се вградува под мрежницата на пациентот и му овозможува да гледа букви, бројки и зборови со окото кое претходно било слепо, пренесува Скај Њуз.
Експертите истакнуваат дека оваа нова технологија носи пресврт во овозможувањето на вид по вештачки пат, и се надеваат дека имплантот ќе може да се набави и преку британската Национална здравствена служба (NHS).
„Простетски вид“ кој го менува животот
Благодарение на таканаречениот „простетски вид“, некои пациенти сега можат дури и да решаваат крстозбори и да читаат ситен текст на рецептите за лекови.
Консултантот во очната болница Мурфилдс и Институтот за офталмологија при Универзитетскиот колеџ во Лондон, Махи Мукит, изјави дека уредот наречен „Прима“ им го променил животот на пациентите. Резултатите од тестирањето укажуваат дека 84 отсто од пациентите кои го користат уредот сега можат да читаат букви, бројки и зборови.
Кој беше тестиран?
Глобалното тестирање на имплантот е спроведено на 38 пациенти во пет земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Италија и Холандија. Сите пациенти имале состојба позната како географска атрофија (ГА), односно напреднат стадиум на старосна макуларна дегенерација (AMD) кој доведува до постепено губење на фоторецепторите и клетките на мрежницата, што резултира со губење на видот.
Оваа состојба погодува околу пет милиони луѓе ширум светот и може да доведе до целосно губење на видот.
Мукит истакнува дека уредот „Прима“ им овозможува на пациентите кои се чувствувале депресивно и изолирано, повторно да почнат да функционираат и да продолжат со активностите во кои некогаш уживале.
„Во историјата на вештачкиот вид, оваа технологија претставува нова ера“, заклучи тој.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден