
„Тешко е во затвор, господине судија“: Поранешниот француски претседател Никола Саркози во своето завршно обраќање пред судот изјави дека животот во затвор бил „тежок и исцрпувачки“, но додаде дека е решен да ја докаже својата невиност.
„Никогаш нема да признаам нешто што не сум го направил“, рече Саркози, нагласувајќи дека ќе продолжи „да се бори за вистината да победи“, јави БФМ ТВ. Тој, исто така, се заблагодарил на затворскиот персонал за поддршката додека ја издржувал казната.
Обвинителот бара ослободување, но под надзор

Иако Саркози е во затвор (а претходно за друга, одвоена пресуда, носеше и електронска алка), јавниот обвинител сега се залага тој да биде ослободен. Според „Ле Фигаро“ и БФМ ТВ, обвинителот препорачал Саркози да биде пуштен од затвор, но да му се изрече судски надзор со строга забрана за контакт со останатите обвинети во случајот „Либија“.
Може да излезе денес, поради празникот утре
Ако судот ја прифати оваа препорака, Саркози би можел да излезе на слобода уште денес, 10 ноември. Причината за брзањето е тоа што утре, 11 ноември, Франција го одбележува државниот празник Ден на примирјето од Првата светска војна, кога институциите нема да работат.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден






