
Писмото од 1916 година го забележало семејство кое го чистело Вартон Бич во близина на Есперанс, пишува ABC.
Во писмото, напишано со молив, авторот е војник од Јужна Австралија, Малколм Александар Невил, кој ја потпишува пораката „некаде на море на 15 август 1916 година“ додека пловел кон Европа. Во писмо до неговата мајка, тој пишува дека храната била „навистина добра“, освен еден оброк што го „фрлил во морето“. Тој додал дека бродот Баларат се ниша, но тие се среќни. „Сакан од твојот син Малколм“, пишува на дното од хартијата.
Војникот загинал, но шишето го пронашле
Според Австралискиот воен споменик, Невил испловил со бродот Баларат само неколку дена пред да го напише писмото. Тој ја фрлил пораката во морето пред да биде убиен во акција во Франција во април 1917 година, на 28-годишна возраст.
Дебра Браун од Есперанс изјави дека нејзината ќерка Фелисити го пронашла шишето кога заедно ја чистеле плажата. Таа верува дека шишето било закопано со години, а на површината го извадила бура.
Откако писмото се исушило, тие успеале да го извлечат и веднаш го пронашле неговиот правнук преку Фејсбук. „Тој има тетка која има 104 години и ги има документите од бојното поле од Малколм“, изјавила Браун.

Повеќе од само едно писмо – шокантен пресврт
Но, писмото на војникот Невил не било единственото во шишето. Откако второто писмо се исушило, семејството Браун открило порака од друг војник, Вилијам Кирк Харли. За разлика од Невил, Харли ја преживеал војната и подоцна основал семејство.
Браун сега е во контакт со неговите внуки и планира да ги испрати писмата до двете семејства, како сведоштво за едно дамнешнo време.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







