во ,

Тошковски ја нападна Арсовска: „Циркус и парада пред локални избори, МВР ќе постапува по закон!“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, жестоко ѝ одговори на градоначалничката Данела Арсовска.

Тој ги отфрли нејзините обвинувања за непостапување по пријавите за дивоградби во Чаир и за закани по живот.

Купи Маица

Тошковски нагласи дека МВР и Обвинителството реагираат на секоја пријава, но истакна дека одговорноста за дивоградбите е на општините.

Одговорност на општините и МВР: „Секој да си ја работи работата за којашто зема плата“

Тошковски јасно порача: „Добро е секој еден во Македонија да си ја работи работата за којашто зема плата“. Тој истакна дека општините треба да вршат контрола на нивните надлежности во однос на дозволеното и недозволеното градење. „Добро е тоа да го прават цел мандат, добро е да го прават од почеток кога ќе бидат поставени на одредена позиција во континуитет 4 години додека трае мандатот“, рече министерот.

Според него, граѓаните на крајот треба да дадат оценка за сработеното. Работата на градоначалничката и на останатите градоначалници е да постапуваат по одредби од законот за градење во делот на нивната надлежност. Тие треба да вршат контрола како се гради, што се гради и дали се преземаат дејствија согласно закон. Работа на МВР, пак, е да постапува согласно наредби од суд или Јавно обвинителство, со цел да има неселективен пристап во спроведување на законот.

Закани по живот: Постапки и процедури

Во однос на заканите по живот кои ги пријавила Арсовска, Тошковски објасни дека МВР ќе преземе дејствија доколку бидат пријавени и утврдена потреба. „Доколку, од страна на било кого, спрема било кого, бидат преземени сериозни закани и тоа истите бидат пријавени до

Министерство за внатрешни работи, а согласно законски и подзаконски акти биде утврдена потреба по преземање одредени дејствија во рамки на надлежности на МВР, ве уверувам дека ние веднаш ќе ги преземеме“, рече Тошковски. Тој нагласи дека постои процедура за утврдување сериозна закана и начин на реагирање на Министерството, Обвинителството и судот.

„Циркус и парада“: Тошковски за политичките препукувања пред избори

Тошковски повтори дека секој треба да си ја работи работата за којашто е платен согласно закон, и по можност, да не е тоа за „циркус и парада“. „Ова што го гледа македонската јавност е исклучиво само циркус и парада пред локални избори“, изјави Тошковски. Тој додаде дека доколку ова се случеше во рамки на првите година дена од мандатот, ќе беше за поздрав и искрено.

„Овој народ препознава кога нешто е искрено и препознава кога нешто е заради циркус. Овде ние не говориме за желба да се стави ред во Македонија, овде говориме за парада и циркус, а МВР ќе постапи неговите надлежности како што постапувало и секогаш досега“, наведе Тошковски. Премиерот Христијан Мицкоски завчера изјави дека Обвинителството треба да постапува по доказите поднесени од Арсовска за незаконски легализирани дивоградби во Чаир.

Арсовска, пак, утрово, преку Фејсбук се обрати до премиерот, обвинувајќи го дека му дозволил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, нелегално да легализира дивоградби. Таа порача дека нема да се откаже ниту да се повлече.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Собранието станува безбедносна зона: Забрана за протести и дронови околу парламентот!

Шок на Света Гора: Жена се преправила во монах и открила тајни што го разбеснија Атос!