во ,

Трагедија на кејот во Скопје: Чичко Југо загина под сопствениот прозор

„Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември.“

„Буквално под сопствениот прозор.“ Со овие зборови, најдобриот пријател на загинатиот, Дончо Наумовски, ја опиша трагедијата. Тој зборуваше за човекот кој вчера беше прегазен со мотор на кејот на Вардар.

Потресно сведоштво на најдобриот пријател

„Да умрам недалеку од местото кај што се родив, често се поистоветува со човековата желба за враќање кон корените,“ пишува тој. „Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки, кои му подарија три внучиња.“

Реклама

„Тој на никого ништо не му згрешил. Беше фин, културен, кога и да те видеше ќе те поздравеше. Нема човек кој не го сакаше и не го почитуваше. Секогаш ќе те памтиме само по добро, чичко Југо.“

„Го убија на пешачка зона каде си играат деца“

Местото на несреќата е покрај Паркот на Франкофонијата. „Таму каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа и сведоци на настанот,“ додава тој. Според информациите од роднините, на моторот имало две лица.

Тие со голема брзина бегале од полициска патрола. „Го убија на пешачка зона,“ вели роднина на загинатиот Југо. Оваа трагедија отвори многу прашања за безбедноста во центарот на градот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ретроспектива за Ѓорѓи Ѓоргиев: Момчето со тапанот и музика во душата

Карлеуша со жесток напад врз Ѓоковиќ: „Ги хушка туѓите деца, а неговите одат во приватно училиште“