во ,

УКРАИНА ГО ЛАНСИРАШЕ „ФЛАМИНГО“: Руското нафтено пристаниште гори, ракета од 1 тон удри во Туапсе!

Украинската армија изврши прв напад со својата нова ракета со долг дострел „Фламинго“, предизвикувајќи серија експлозии во руското нафтено пристаниште Туапсе, важен извозен центар на Црното Море.

Според медиумот „The Sun“, нападот бил снимен во моментот кога огромна експлозија го осветлила пристаништето. Иако првично се претпоставуваше дека станува збор за морски дронови, руски извори објавија дека станува збор за новото оружје на Киев – ракетата „Фламинго“, целосно произведена во Украина. „Кратерот очигледно го направила многу тешка муниција“, објави руски канал.

Повеќе од само напад: Ракета со дострел од 2.900 км

Според извештаите, „Фламинго“ има досег до 2.900 километри и боева глава од над еден тон. Клучно, ракетата е отпорна на електронско попречување и не е предмет на западни ограничувања за употреба во нападите на руска територија. Ова ја проширува способноста на Киев да погодува цели длабоко во Русија, па дури и во западен Сибир.

Русите гази кон југ: Се стега обрачот околу Покровск

Во исто време, ситуацијата на фронтот драматично се влошува. Врховниот командант на украинските вооружени сили, Александар Сирски, предупреди дека Русите напредувале кај Александровка и Гуљајполе и зазеле три населени места.

– Ситуацијата на тие правци значително се влоши, непријателот користеше бројна надмоќ… Нашите војници водат исцрпувачки борби за Ровнопољ и Јаблуково – изјави Сирски.

40% од сите борби се кај Покровск

Сирски соопшти дека руските трупи се најактивни кај Покровск, каде се водат 40 проценти од сите борби. Според него, во последните три дена руската армија изгубила околу 800 војници, но борбите се исцрпувачки. Тој додаде дека зголемувањето на ефектот од домашното оружје со долг дострел, како ракетите „Нептун“ и „Фламинго“, е „ефикасна пречка за непријателот“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЃОРЃИЕВСКИ БАРА „КОМАНДНА ОДГОВОРНОСТ“: Да одговараат и директорите што потпишувале плати за неработници!

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Од 15 ноември стартува обврската за зимска опрема!