
Вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шуваев, рано утринава преку Телеграм информираше дека меѓу повредените во синоќешните напади е и едно 14-годишно дете, пренесува Би-Би-Си.
Напади од двете страни на границата
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Новите напади се случија само една ноќ по она што руските власти го опишаа како „најголемиот“ украински напад оваа година, во кој беа убиени најмалку седум лица. Истата ноќ, во руските одмазднички напади врз Украина, исто така загинаа најмалку седум луѓе, а повеќе од 39 беа повредени.
Шуваев објави дека во последните напади е запалена зграда и е оштетен автомобил во селото Колосово, во округот Валујски, во непосредна близина на границата со Украина. Тој потврди дека повреденото дете е итно однесено во болница, додека на две лица им била укажана помош на самото место на настанот.
Чести напади и меѓусебни обвинувања
Во последните неколку недели, Москва значително ги засили ракетните напади врз стратешки и цивилни цели низ Украина. Од друга страна, Киев ги интензивираше нападите со беспилотни летала длабоко на руска територија. Двете завојувани страни континуирано се обвинуваат меѓусебно за таргетирање и напади врз цивилното население.


