Во жестока реакција на говорот на премиерот, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека на Мицкоски не му поминуваат лагите и го обвини дека крие одговорни за Кочани, дека земјата е економски уништена и дека предупредувањето за неговиот авторитаризам не е кодошење, туку патриотизам.
„Добро е што Мицкоски конечно сфати дека народот има очи да гледа и памет да размислува.“
Ова вечерва го порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој реагираше на говорот на премиерот Христијан Мицкоски во Битола. „Свесен е дека не му поминуваат лагите,“ рече Филипче. „‘Најдоброто допрва доаѓа’ е најлошиот слоган.“
За Кочани: „Прави сè за да ги сокрие одговорните“
Филипче вели дека е срамно што Мицкоски зборува за правда. „Прави сè за да ги сокрие оние кои се одговорни за Кочани.“ Според него, тоа се луѓе блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Некои од нив се дури и финансиери на партијата.
За економијата: „Платите стагнираат, инфлацијата дивее“
Тој целосно го демантираше наративот за економски раст. „Не верувам дека некој верува во таа бајка,“ рече тој. „Македонија е земја со најнизок животен стандард во Европа.“ „Платите стагнираат, инфлацијата дивее.“ „А јавниот долг е зголемен за 7 милијарди евра.“
„И покрај тоа, функционерите се луксузираат,“ обвини тој. Тој потсети и на скандалот со „Бехтел и Енка“. „Каде е тужбата? Кој се ‘вгради’ во овој проект?“ праша Филипче.
За авторитаризмот: „Да се предупреди не е кодошење, туку патриотизам“
Во однос на обвинувањата за кодошење, тој беше дециден. „Да се предупреди за авторитаризам не е кодошење. Тоа е патриотизам,“ нагласи тој. „Македонија се борела против диктатури, врховизам и угнетување.“
На крајот, тој даде и еден локален пример. „Четири години ВМРО-ДПМНЕ е власт во Битола.“ „Не му беше ли непријатно на Мицкоски да се вози по дупките?“ „Тоа ли е ‘најдоброто’ што треба да го дочекаме?“ праша Филипче.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден