
Европа треба да продолжи да ја поддржува Украина и покрај актуелниот скандал со корупција, изјави финскиот претседател Александар Стаб во интервју за агенцијата АП.
Стаб истакна дека Владимир Зеленски мора што поскоро да се справи со обвинувањата за поткуп и проневера, но ги повика европските лидери да размислат за зголемување на финансиската и воената поддршка за Киев. Тој изрази песимизам за брз крај на конфликтот: „Не сум многу оптимист за постигнување прекин на огнот… барем не оваа година“, додавајќи дека се надева оти до март 2026 година ќе биде можно „да се направи нешто“.
„Операција Мидас“ и 100 милиони долари
Изјавата доаѓа во екот на големата афера откриена од НАБУ, каде што преку операцијата „Мидас“ е разоткриена корупциска шема во енергетскиот сектор преку која наводно се испрани околу 100 милиони долари. Поради скандалот, пратениците бараат оставка од Андриј Јермак, шефот на кабинетот на Зеленски, а украинската влада најави итна ревизија на сите државни енергетски компании.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







