во ,

Франција воведува драстична забрана: Пушењето цигари на сите јавни места на отворено – забрането!

Франција е на прагот на голема промена во борбата против пушењето.

Француската министерка за здравство и семејство, Катрин Вотрен, најави дека од 1 јули сите јавни места на отворено, како плажи, паркови, реони околу училиштата, станици и постојки на јавниот превоз и спортски стадиони, ќе бидат прогласени за „зони без тутун“.

Купи Маица

„Слободата на пушење завршува таму каде што почнува правото на децата да дишат чист воздух“

Мотото на оваа нова регулатива е јасно и недвосмислено: „Каде што има деца, тутунот мора да исчезне. Слободата на пушење завршува таму каде што почнува правото на децата да дишат чист воздух“, изјави Вотрен за францускиот дневен весник „Уест Франс“.

Според министерката, казните за прекршителите на оваа забрана ќе изнесуваат до 135 евра. Иако некои француски општини веќе од претходно воведоа ваква забрана на локално ниво, од 1 јули таа ќе важи на територијата на цела Франција, што покажува унифициран пристап во борбата против пушењето.

Исклучоци и идни планови: Тераси и електронски цигари

Сепак, пушењето класични цигари и натаму ќе биде дозволено на терасите на кафулињата. Исто така, забраната нема да важи за електронските цигари, кои и натаму ќе може слободно да се пушат на отворено. Првично се најавуваше дека покрај новите мерки против пушењето, ќе биде воведена и забрана за продажба на цигари на лица помлади од 18 години. Засега, таква одлука не е донесена.

Сепак, според Вотрен, не е исклучена и таква забрана во иднина. Овие забрани се во рамки на мерките на француската Национална програма за контрола на тутунот за периодот 2023-2027 година. Тие се усогласуваат со Планот на Европската комисија за борба против ракот, кој има за цел создавање „генерација без тутун“ до 2040 година. Тоа значи состојба во која цигари би пушеле помалку од пет проценти од населението на ЕУ.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драматично сведоштво: Арсовска тврди дека ѝ се закануваат со смрт – „Може ќе живеам уште шест дена“

Косово ги победи македонските бутици: Зошто илјадници Македонци пазарат облека кај соседот?