во

ХИТ ВИДЕО ОД СРБИЈА: Вучиќ сам го миеше автомобилот, па се „расправаше“ со цревото и жетоните!

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави несекојдневно видео на социјалните мрежи од посета на самоуслужна автоперална, каде што се обиде сам да го измие својот автомобил, признавајќи дека работите не оделе баш според планот.

Дел од видеото Вучиќ го сними додека возеше, нагласувајќи дека однапред го поставил телефонот за да не го држи во раце и да не го нарушува вниманието во сообраќајот. За време на возењето, тој зборуваше за актуелните инфраструктурни проекти низ Србија, истакнувајќи дека мора уште повеќе да се инвестира во локалните патишта и во подобрување на животот на луѓето кои живеат надвор од градските центри.

Проблеми со жетоните и цревото

Супер Попуст -25%

Откако пристигна во пералната, српскиот претседател застана сам да го испере возилото, но брзо наиде на потешкотии со автоматските машини и цревото под притисок.

„Се обидов да го измијам автомобилот. Се борев со цревото и жетоните, заборавив на теписите, но на крајот операцијата беше делумно успешна. Подготовките за кампањата се при крај“, напиша Вучиќ во описот на видеото.

Најава за нова изборна кампања

Оваа објава е дел од претстојната изборна кампања која Вучиќ ја најави во изминатите недели, ставајќи главен акцент на директниот контакт со народот и секојдневните активности.

Според неговите претходни најави, кампањата ќе се одвива во повеќе фази, а клучната порака до сите политичари и активисти од неговата партија е да покажат поголема грижа, присуство на терен и директна комуникација со секој граѓанин.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАГЕДИЈА ВО ИРСКА: Петмина тинејџери загинаа во директен судир, возеле во спротивен правец со фантомки!

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД ХРВАТСКА: Унгарско семејство бегало од огнениот пекол кај Омиш!