во ,

Ценовен шок во Охрид: „Ако ви е скапо, не доаѓајте“

„Ако ви е скапо не доаѓајте“.

На карактеристичен охридски начин, вака се обраќа еден од локалните угостителски работници во Охрид. Тој одговара на честите жалби на туристите за високите цени. Тие сметаат дека цените се на исто ниво како во туристичките места во соседството.

Салата 600, рижото 900, а доручек 430 денари

Еспресо во локално кафуле чини 150 денари, додека Американо се продава за 170 денари. На менито во еден од рестораните може да се видат уште повисоки цени. Помфрит чини 350 денари, а обична салата дури 600 денари.

Реклама

Рижотото достигнува цена од 900 денари, пишува порталот Локално. За доручек, пак, комбинација од јајца, сланина и микс од зеленчук чини 430 денари. Овие цени предизвикаа многу реакции.

Помалку туристи од лани?

И покрај овие високи цени, Охрид сепак има доста посетители во моментов. Сепак, се чини дека бројката на туристи не е како претходните години. Луѓето кои издаваат сопствени сместувачки капацитети велат нешто друго. Според нив, има значително помалку туристи отколку лани.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Протести во Софија: „Битката за левот е последна битка за Бугарија“

Најмасовниот руски воздушен напад досега: Кон Украина во текот на ноќта полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети, како и дронови