во ,

ЃОРЃИЕВСКИ БАРА „КОМАНДНА ОДГОВОРНОСТ“: Да одговараат и директорите што потпишувале плати за неработници!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имал состанок со претставници на Финансиската полиција за да се испитаат злоупотребите во градските јавни претпријатија.

Во интервју за МТВ1, Ѓорѓиевски рече дека не може да открие детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации што досега ги обелодени во јавноста. Ова доаѓа откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го повика градоначалникот да ги пријави злоупотребите во Обвинителството и да достави докази.

„20 милиони евра изгубени за Луна Парк“

Ѓорѓиевски потсети дека од списоците на вработени биле избришани околу 500 лица кои земале плата без да доаѓаат на работа, што претставува сериозно кршење на законот.

– Станува збор за луѓе кои не биле ангажирани на реални работни задачи… Градот се доведе во ситуација да губи по пет милиони евра годишно, што за четири години изнесува околу 20 милиони евра – колку што чини новиот Луна Парк, кој го чекаат генерации скопјани – рече Ѓорѓиевски.

Повеќе од само истрага – се бара „командна одговорност“

Градоначалникот посочи дека на средбите со надлежните побарал не само индивидуална, туку и командна одговорност. Тој појасни дека, освен лицата кои земале плата без работа, мора да одговараат и оние кои ги потпишувале нивните исплати, како и директорите што го одобрувале таквото постапување.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дијамантот на пријателката на Џеки Кенеди е продаден за 25,6 милиони долари

УКРАИНА ГО ЛАНСИРАШЕ „ФЛАМИНГО“: Руското нафтено пристаниште гори, ракета од 1 тон удри во Туапсе!