во ,

Јапонија веќе ги користи, но резултатите се „измешани“, дали им веруваме на роботите?

Во лабораторија во северозападен Лондон, три црни роботски раце полека се движат по работната маса.

Тие имаат четири прсти и палец, и се виткаат речиси како човечките. „Не правиме Терминатор“, низ насмевка вели Риш Вокер, директор на компанијата „Shadow Robot“, додека го покажува својот изум.

Викенд Намаление

Неговата цел не е машина која го заменува човекот, туку робот за нега кој помага во секојдневниот живот. Идејата е роботите за нега во иднина да можат да готват, чистат, да вежбаат со корисниците и да им помагаат на постарите. Само во Англија, повеќе од 130 илјади работни места во секторот за нега се непополнети, додека околу два милиони постари луѓе немаат соодветна помош.

Поранешната британска влада веќе инвестираше 34 милиони фунти во развој на роботи за нега базирани на вештачка интелигенција. Проценките покажуваат дека до 2050 година, секоја четврта личност во Велика Британија ќе биде постара од 65 години, па многумина веруваат дека ВИ-роботите ќе станат дел од секој дом.

Јапонија покажува како изгледаат роботите за нега во пракса

Јапонија веќе почна да воведува роботи за нега во старечките домови со државни субвенции. Професорот Џејмс Рајт од Универзитетот Квин Мери поминал седум месеци проучувајќи како тие функционираат во пракса. Тестирал три модели: HUG (помага при подигање пациенти), Paro (робот во облик на фока кој ги смирува лицата со деменција) и Pepper (води вежби и разговара).

Резултатите биле измешани. Персоналот се жалел дека роботите бараат постојано полнење и одржување. Една корисничка премногу емотивно се врзала за роботот Paro, додека Pepper бил премногу тивок. „По неколку недели, персоналот се откажа од повеќето роботи бидејќи создаваа повеќе работа отколку помош“, вели Рајт.

Повеќе од само роботи – дали ќе им веруваме?

Во Велика Британија веќе се тестира „Genie“, мал ВИ-робот кој реагира на гласовни команди. Во лабораторијата на „Shadow Robot“ се развиваат роботи со стотици сензори и вештачки мускули, со цел да можат да почувствуваат притисок и да знаат кога да застанат, исто како човечката кожа.

Сепак, останува прашањето: дали роботите ќе ги заменат луѓето? Професорот Рајт предупредува дека ВИ во негата би можела да ги влоши условите за работа, бидејќи луѓето би станале само сервис за машините. Наспроти тоа, други експерти сметаат дека ова е неизбежен правец поради недостатокот на персонал. Тие се согласуваат дека сега е моментот да се воведат јасни правила за ВИ-роботите да работат *за* луѓето, а не обратно.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие мафини немаат ни грам шеќер, а се најсочното нешто што ќе го пробате

„Денес ни е прекрасен ден“: Тијана му пееше на кучето Баџа за осмиот роденден