
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Една од најпознатите и најпотресни фотографии во светот потсетува на ужасната судбина на 13-годишната Омајра Санчез, која 60 часа била заробена во вулкански кал по ерупцијата на вулканот Невадо Дел Руиз во Колумбија, на 13 ноември 1985 година.
Фотографијата, која заврши на многу насловни страници, ја направил Френк Фурние, само три часа пред смртта на Омајра. Во катастрофата загинале 24.000 луѓе, откако локалните власти, и покрај предупредувањата, не презеле никакви превентивни мерки.
Умрела од хипотермија и срцев удар

Омајра останала заробена во урнатините и калта во градот Армеро. Цели два дена и три ноќи спасувачите се обидувале да ја ослободат, но безуспешно. Нејзините колкови биле сериозно повредени, а нозете заробени. Дигалка и хидраулична пумпа, неопходни за нејзино извлекување, не пристигнале навреме. И покрај нејзината неверојатна смиреност, таа починала од срцев удар и хипотермија на 16 ноември.
Повеќе од само фотографија – награда и осуда
Нејзината трагична судбина стана позната токму поради фотографијата. Очите ѝ изгледале црни од крвавење, а рацете ѝ биле побелени. За оваа фотографија, Фурние ја добил престижната награда „World Press Photo“ во 1986 година.
Смртта на Омајра, која била следена во живо од бројни новинари, веднаш покренала голема полемика: зошто никој не ѝ помогнал, наместо само да ја фотографира?
„Мамо, тато, ве сакам“
Пред да почине, нејзините последни зборови биле: „Мамо, тато, брате, ве сакам многу!“. Јавноста била бесна, прашувајќи зошто Фурние не се обидел да ја спаси.
Зошто фотографот не ја спасил?

Дури 20 години подоцна, во интервју за Би-Би-Си, Фурние го објаснил својот потег. „Беше невозможно да се спаси“, рекол тој. „Сепак, почувствував дека приказната е важна и дека треба да известувам… Јас знаев што ми е работата и само се трудев да ја завршам што подобро“.
Тој додал дека властите потфрлиле и дека немало план за спасување. Фурние смета дека со самата фотографија направил „добро дело на долг рок“.
„Фотографијата помогна да се соберат парични средства ширум светот. Исто така, сите сфатија колку се неодговорни водачите на земјата“, рекол тој, додавајќи дека бил „среќен“ што им помогнал на луѓето емотивно да се поврзат со девојчето преку неговата фотографија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







