во ,

Јокиќ доби прашање за Јовиќ, па ги изненади сите со одговорот на српски

По уште една мајсторска партија, во која оствари учинок од 34 поени, 14 асистенции и 7 скока, Никола Јокиќ зборуваше за медиумите и се осврна на неколку клучни теми.

На прашањето на новинарите за неговата удобност во „џебот“ (просторот зад одбраната), Јокиќ објаснил дека таа позиција е „навистина опасна“ бидејќи одбраната мора да се собере, што отвора многу опции. Тој, сепак, ги признал грешките со изгубените топки: „Имавме две глупави на крајот… не смееме да ги имаме тие изгубени топки во четвртата четвртина“.

Пофалби за соиграчите

Јокиќ ја пофали и играта на Брус (Браун), велејќи дека имал „неверојатна енергија“ и дека „конечно погодил тројка“. Тој се осврнал и на новиот соиграч Кем Џонсон: „Можеби премногу размислува… му реков, можеби нема да биде твојата вечер, можеби ќе имаш пет поени и мораш да бидеш во ред со тоа. Тој е паметен играч, ќе сфати“.

Средба со Рас и Јовиќ

Србинот со насмевка ја прокоментирал и средбата со поранешниот соиграч Расел Вестбрук („Секогаш е добро да се види Рас“), а на крајот се осврнал и на следниот ривал – Мајами, и на сонародникот Никола Јовиќ.

„Го знам добро. Тоа е екипа што игра брза кошарка, одбраната им е навистина силна. Драго ми е што ќе се видиме, се надевам дека ќе имаме сличен натпревар како денес“, изјавил Јокиќ.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денеска ќе поминува влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд

Оваа 92-годишна баба трча 200 метри за 50 секунди и руши светски рекорди