во , , ,

Ќе има ли нов ценовен шок? Компаниите бараат 50% поскапо парно во Скопје

Енергетските компании задолжени за топлинската енергија во Скопје бараат големо зголемување на цената.

Зголемувањето се однесува на цената која ја плаќаат граѓаните. Барањето е за поскапување од дури 50 отсто. Ова е сериозен предлог кој би значел голем удар врз буџетот на скопјани.

Бислимоски: Нема да дозволиме нов ценовен шок

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, зборуваше за ТВ 24. Тој рече дека Регулаторната комисија допрва ќе ги разгледува овие барања. Тој вети дека ќе ги признае само реалните и оправдани трошоци.

Бислимоски уверува дека нов ценовен шок нема да дозволи да се случи. Тој признава дека цената на природниот гас навистина бележи зголемување. Гасот е клучен за производство на топлинска енергија. Сепак, тој не смета дека зголемувањето е толку големо за крајната цена да порасне толку енормно.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Срам за Европа: Како Европската Унија целосно потклекна пред бугарските притисоци и уцени?

Магариња пред Собранието на Косово: Адвокат донесе четири магариња пред парламентот во знак на протест